(ВИДЕО) Луѓето во Оровил можат да се вратат дома, но еве на што треба да внимаваат...
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2017
Наредбата за евакуација на 188.000 жители кои живеат во близина на браната Оровил, во САД е укината вчера затоа што опасноста помина.
Наредбата за опомена е претворена во предупредување. Жителите можат да се вратат дома, но мора да бидат подготвени ако се влоши состојбата повторно да ги напуштат живеалиштата, информираат од полицијата.
Нивото на браната опадна, иако деновиве беше близу до максимумот.
Властите беа во трка со времето за да испуштат дел од водата за да не дојде до несакани последици.
Испуштени се како превентивна мерка 3.000 метри кубни вода, или 3 милиони литри вода во секунда и браната веќе не создава загриженост.