Видео: Мини „цунами“ удри во холандски брег
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2017
На европските крајбрежја ретко се гледаат големи бури, уште помалку страшни цунами бранови како во Јапонија, но сепак Зандворт во Холандија и тоа во дел кој е наменет за туристи со комплекс на плажи беше погоден од силно невреме при што се формирало мини „цунами“.
Според првобитните извештаи, средно висок бран се приближувал кон брегот, а неговата висина изнесувала нешто повеќе од 2 метри.
Асистентот кој работи во павилјонот на плажата вели дека го разбудил силен ветер, а набрзо забележал дека неколку лежалки се веќе во морето. Во рок од 5 минути, ветерот го однел целиот инвентар од плажата, кој не бил прицврстен.