(ВИДЕО) МИСТЕРИЈА Е КАДЕ СЕ НАОЃА ДЕНЕС: Мери Бел на 11 години станала сериски убиец
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2023
Најмладиот сериски убиец во историјата е девојче кое тогаш имало 11 години.
Мери Бел е жена која е осудена за убиство на две момчиња од Англија во 1968 година. Тогаш имала само 11 години. Во мај 1968 година, Мери го задушила 4-годишниот Мартин Браун во напуштена куќа. Месец дена подоцна, на сличен начин го убила 3-годишниот Брајан Хаун. Мери тоа го направила со другарката Норма и двете се уапсени и обвинети за убиство. На судењето, Мери се изјаснила дека не е виновна, но сепак е прогласена за виновна за убиство од небрежност врз основа на намалена одговорност. Таа е осудена на доживотен затвор со препорака да ѝ биде одреден притвор на неопределено време. Норма е ослободена од каква било вмешаност во убиството.
Откако отслужила 12 години затвор, Мери Бел била условно ослободена во 1980 година. Таа добила нов идентитет и оттогаш живее инкогнито.
„Сакам да повредувам мали суштества кои не можат да ме повредат“, рекла таа.
Британската влада со години одбива да го открие нејзиниот нов идентитет.
Се наведува дека била изложена на насилство, злоупотреба и запоставување во домот и сето тоа придонело за ваквото однесување. Каде е сега Мери Бел е сè уште голема мистерија. Се зборуваше дека родила ќерка која додека била бебе се обидела да ја задави, но била спречена во тоа.