14 Мај, 2024
0.0284

(ВИДЕО) Мистериозен остров кој е невозможно да се посети!

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Запознајте го племето од островот Сентинел кој со крв и нож може да го дочека секој кој ќе се обиде да му се приближи...

Тие немаат мобилни телефони, интернет, компјутери, па ни тоалети - го живеат животот кој денеска за многумина е тешко да си го замислат, па е и невозможен. Станува збор за изолирана цивилизација на оддалечениот остров Сентинел .

Северен Сентинел е еден од Андаманските острови во Бенгалскиот залив. На него живеат целосно изолирани и непријателско настроено племе поради што се опишува како место на Земјата кое е најтешко да се посети.

 За јазикот, културата и населбите на племето се знае многу малку. Живеат во густа шума која ги сокрива од остатокот од светот.

 Она што се знае за ниц е дека се ловци собирачи. Не обработуваат земја. Се хранат со диви свињи, риба, овошје, гуштери и мед, пишува viralnova.com.

 Во август 1981 година брод на Примроус се приближил покрај островот. Неколку дена подоцна членовите на екипажот на неподвижното пловило забележале дека „мали црни мажи носат лакови и стрели и градат бродови на плажата“.

Капетанот на  Примроус преку радио врска побарал итно праќање на оружје како екипата би се одбранила, но не го примиле. Немирното море ги задржало островјаните од бродот, а после недела дена екипажот на бродот е спасен со хеликоптер.

Без разлика на тоа кој и да доаѓа, племето ќе го дочека со копје и стрели. Не се поткупуваат и со поклони во облик на храна и облека и ништо не им претставуваат.

Непријателски настроени биле и кон мисијата на спасување.

Во времето после катастрофалното цунами кое го погоди Индискиот океан во декември 2004 година, група спасувачи се упатила со хеликоптер да му помогне на племето. Се обиделе да им фрлат пакети со храна, но ги дочекале непријателски настроеното племе од „мали црни луѓе“ . Еден војник излегол од густата џунгла и со стрела стрелал кон хеликоптерот.

Иако Индија има право на сопственост над островотм после неколку пропаднати обиди да воспостави пријателски контакти од 1964 година, индиската влада се откажала од Сентинел.

Посетите на островот се забранети а индиската воена морнарица се грижи за туристите, истражувачите и други кои се обидуваат да му се приближат островот, со тоа што ги спречуваат.

Истражувачите и покрај тоа и понатаму мечтаат за проучување на овие домородци.