09 Октомври, 2024
0.0447

(ВИДЕО) Можете ли да си го замислите Џим Кери во сериозна улога во сериозен филм

Објавено во: Стил 14 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Објавен е првиот трејлер за филмот „Dark Crimes“ базиран на вистинска приказна за мистериозно убиство, со Џим Кери во главната улога.

Необично е тоа што славниот комедијант глуми сериозна улога во овој трилер како детектив од Полска кој треба да расчисти убиство на бизнисмен.

Крими-трилерот е во режија на Гркот Александрос Авранас, познат по филмот „Miss Violence“ што имаше премиера во 2013 година на Венецискиот филмски фестивал. Авранас тогаш ја освои наградата Сребрен лав.

Премиерата во САД е закажана за 18 мај