(ВИДЕО) Над 1.000 апсења во Русија за зголемување на пензиите
Објавено во: Свет 10 Септември, 2018
Руската активистка група ОВД-Инфо денеска објави дека повеќе од 1.000 луѓе беа уапсени во неделата на анти-владините протести низ Русија, по згоилемувањето на границата за пензионирање за плус пет години.
Оваа група, која ги следи полициските апсења и ги објавува имињата на нивната веб-страница, рече дека биле приведени точно 1.018 луѓе, од кои речиси половина од нив во Санкт Петербург.
Во вториот по големина град во рускиот град, беше забележан најжестокиот протест, а а полицијата соборуваше малолетници и стари лица.
Протестите што ги свика лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, се одржаа во десетици руски градови, како бунт против владиниот план за зголемување на возраста за пензионирање за пет години.
Полицијата досега нема излезено со коментар и податоци.