(ВИДЕО) Направете посебна божиќна атмосфера: Украсна салфета, свеќа и пегла е се што ви треба!
Објавено во: Стил 20 Декември, 2014 15:18
За да направите божиќна атмосфера не секогаш ви се потребни многу пари, туку идеја и креативност. За оваа постапка ви требаат само неколку предмети и малку снаодливост.
Не секогаш е едноставно да се смисли добар начин за украсување на домот без да потрошите многу пари, но и тоа е можно. Ви донесуваме интересна идеја на украсување на свеќи. Потребна ви е дебела обична восочна свеќа, украсна салфета, пегла и ножици.
Со ножиците исечете го мотивот или целиот дел од украсната салфета кој го сакате па замотајте го околу свеќата. Со пеглата притискајте ја салфетката околу свеќата како што е прикажано на видеото подолу. Восокот ќе ја впие празнината и салфетата совршено ќе се поклопи со свеќата. Вашата уникатна свеќа ќе биде готова за секунда.
Ви преостанува само да ја запалите и да уживате.
Деталната постапка погледнете ја добро во видеото.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





