06 Декември, 2025
0.0363

(ВИДЕО) НЕ СКОПЈАНЕЦ, ТУКУ БУГАРИН ги сними крадците во неговиот стан

Објавено во: Стил 06 Ноември, 2018 08:47

Добивај вести на Viber

Пред неколку дена на социјалните мрежи, односно на сајтот Мотика се појави видео во кое, како што пренесоа некои медиуми, наводно Скопјанец ги снимил крадците како му упаднале во домот и деактивирајќи го претходно алармот барале, претурале, додека скриена камера ги снима.

Сепак, бидејќи социјалните мрежи се место каде вестите се шират како брзо како молња, се покажа дека не бил Скопјанец тој што ги фатил крадците.

Извесен Петар Демиров е вистинскиот „Ловец на крадците“ кој пишува дека додела бил излезен со неговото семејство, двајца „паметни“ му влегле дома и му претресле се барајќи пари и злато.


Тој се сомнева оти станува збор за професионалци бидејќи го деактивирале алармот. Но сепак не успеале да ја видат камерата која била скриена во спалната соба и ги фатила убаво нивните лица.

Демиров на Фејсбук пишува и дека ќе биде благодарен ако некој ги познае крадците и замолува секој кој ќе ги препознае да го контактира или да се обрати во наведена полициска станица во Софија.

Еве го видеото на мотика а погоре видето го и оригиналното .


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: