(ВИДЕО) Немири во Подгорица – 20 приведени граѓани, 9 повредени полицајци
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2014 20:54
Полицајците при судирот со демонстрантите користеле физичка сила, палки и солзавец. Протестите во Црна Гора беа организирани во знак на поддршка на социјалните немири во Босна и Херцеговина, но и со барање за оставка од црногорската Влада. Собирот под мото „Арамии, симнете се од власт!“ не бил пријавен во полиција.„Тие лица, меѓу кои има 16 полнолетни и 4 малолетници, се под сомнение дека дрско и агресивно се однесувале, физички напаѓале полициски службеници, ги гаѓале со камења, го нарушувале јавниот ред и мир и го загрозувале безбедното одвивање на сообраќајот. Од повредените деветмина полицајци, еден е потешко, а 8 се полесно повредени“, соопштија од Управата на црногорската полиција.
„Дваесет години живееме во мрак и сметаме дека е време за радикални промени. Ние сме против „способната“ власт и неспособната опозиција“, рекле иницијаторите во најавата за протестот.околу 300 луѓе се одзваа на овој повик. Еве како беше на улиците на подгорица денеска: http://www.youtube.com/watch?v=yCmBlAs9XxY Се протестираше и во Хрватска, но таму демонстрациите беа со многу послаб интензитет. Околу 150 луѓе се собраа на протестот во Загреб, а 12 биле уапсени заради напади врз полициски службеници.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството





