06 Декември, 2025
0.0282

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТЕН НАРОД: Јапонските навивачи по натпревар го исчистија цел стадион!

Објавено во: Стил 20 Јуни, 2014 19:11

Добивај вести на Viber

Јапонските навивачи го зачудуваат и воодушевуваат целиот свет со своето пристојно однесување на Светското фудбалско првенство во Бразил. По синоќешниот натпревар со Грција, верните поддржувачи на Сините самураи ги засукаа ракавите, зедоа вреќи за ѓубре и ја исчистија целата Арена дас Дунас. Бразилските домаќини не можеле да поверуваат кога ги виделе Јапонците како на неколку минути пред крајот на натпреварот започнуваат да го чистат стадионот. Сините вреќи кои во текот на натпреварот ги користеле како навивачки реквизити, ги претвориле во вреќи за ѓубре и ги собрале сите пластични шишиња, хартии, картонски кутии и останати фрлени предмети. „Го исчистија не само својот дел од трибините, туку и другите сектори. Ова е изненадување за нас Бразилците, но за Јапонците ова е само рутина“, пишуваат денеска бразилските медиуми. http://www.youtube.com/watch?v=yhsfvb-K97c

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: