(ВИДЕО) Невреме го зафати и Скопје, врнеше дожд и дуваше силен ветер
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023
Невреме попладнево го зафати и Скопје. Дуваше силен ветер и врнеше дожд.
Невреме имаше и во Кратово, Пробиштип, Кочани, Струмица. Некаде паѓаше град, а во Струмица има и откорнат покрив на зграда, паднати дрвја и пожар во училиште. Синоптичарите веќе најавија дека ќе има невреме и граѓаните да бидат внимателни.