06 Декември, 2025
0.0263

(ВИДЕО) Ние ги имаме Панчев и Калински, а Британците – ОВОЈ ЧОВЕК!

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2014 21:12

Добивај вести на Viber

Името Мартин Тајлер веројатно не значи многу за Македонците, па дури ниту за оние најстрасни вљубеници во фудбалот. Но, ако само го слушнете неговиот глас, веројатно бројот на оние кои го знаат Мартин Тајлер драстично ќе се зголеми. Тој е една од светските легенди, кога станува збор за ТВ коментаторство, а својот глас го позајмува и за популарните видео игри „ФИФА“. Имено, со цел играчите на овие видео игри да имаат колку што е можно поверодостојно доживување додека играат, токму најпознатиот британски коментатор Тајлер бил ангажиран да го позајми гласот. Со коментаторска работа започнал да се занимава пред 40 години, а на Мундијалите дебитирал во далечната 1978 година во Аргентина, како кометатор на една локална ТВ станица. Подоцна светска слава стекнал на познатиот британски канал Скај спорт. „Ова ми е десетто Светско фудбалско првенство. И враќање во Јужна Америка, каде што дебитирав на светските првенства. Ова е ден од најдобрите Мундијали што сум ги гледал, се игра одличен фудбал“, открива Тајлер. На ова светско првенство работи за австралиска ТВ станица, па признава дека му е тешко да остане непристрасен на натпреварите на кои игра Англија. Ова е неговиот препознатлив стил на коментирање, кој го направи светска коментаторска ѕвезда: http://www.youtube.com/watch?v=Xy2ZUR71cVM#t=20

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: