(ВИДЕО) НОВ НАПАД: Луѓе избодени со нож во Финска
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Полицијата во Финска пукаше во осомничен и го уапси, откако неколку луѓе беа прободени со нож во градот Турку, јавува Си-Ен-Ен.
Полицијата на Турку објави на Твитер граѓаните да не се движат во центарот на градот.
Турку е на југозападен дел на Финска и лежи околу 140 километри западно од главниот град Хелсинки. Тоа е град во кој се зборува на шведски. Се најавуваат повеќе детали за нападот подоцна.