(ВИДЕО) ОД ПРОТЕСТИТЕ ВО СОФИЈА: Жена со стап удри човек кој врз неа истури вода
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2020
Демонстрант на протестите во Софија истурил вода врз жена, а таа го удрила со стап.
Двајцата се однесени во полициска станица.
Како што објави БТА, жената била бесна поради непријатностите предизвикани од протестите.
Трет ден по ред се наоѓа шатор кај Орловиот мост на еден од главните патишта во Софија, кој со текот на годините стана симбол на незадоволство од владата.
Демонстрантите велат дека нема да се тргнат сè додека владата и државниот обвинител не поднесат оставка.
Се протестира веќе 23 дена.Деновиве се појавија и „бомби“ во кои се слуша гласот на премиерот Бојко Борисов.