(ВИДЕО+ФОТО) Омилениот град на туристите под вода
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2018
Венеција, омилениот град за туристите се соочува со потоп.
Попладнево 70% од историскиот дел на градот е под вода.
Плоштадот Свети Марко е евакуиран поради водата.
Нивото на морето денеска се искачи на 149 сантиметри над вообичаеното поради што се поплавени улици и плоштади. Вакво високо ниво на водата во каналите последен пат е забележано во 2012 година.
Метеоролозите најавија нов раст на нивото на водата, кој веќе вечерва може да достигне 160 сантиметри над вообичаеното.
Инаку, вчера, и покрај поплавите, во Венеција се одржа маратон.
Се очекуваат поплави какво што немало 40 години.Се појавија видеа, и фотографии на кои се гледа дека водата им е до струк на луѓето.
Водениот сообраќај е запрен поради поплавата.
фото Ројтерс