(ВИДЕО) ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА АРМИЈА НА СВЕТОТ: Два милиони војници дадоа заклетва
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2018
Кинеската армија објави неверојатна фотографија на построените единици во провинцијата Хебеј, каде што говор имаше претседателот, Си Џинпинг.
Џинпинг на војниците им порача дека „секогаш да бидат подготвени да се борат и така сигурно ќе победат" и да не се плашат ни до смртта.
Вооружените сили се собраа на повеќе од 4.000 локации во Кина за да го слушнат говорот на врховниот командант. Тие вртејќи се кон црвено знаме, се заколнаа дека решително ќе ги исполнат сите наредби на Си.
Кинеската Народна Ослободителна Армија е најголемата постоечка армија во светот, со приближно 2.183.000 припадници на вооружените сили. Таа забрзано се модернизира последните години.