28 Април, 2024
0.0253

(ВИДЕО) Ова е најскапиот часовник на светот: Неговата тајна ги убила сите кои го поседувале!

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Чаовникот, кој е познат како најскап, најсложен, но воедно и најубав часовник на светот, неодамна е продаден за 15 милиони фунти (18,7 милиони евра).

Станува збор за часовникот на Патек Филипе од 1933 година, познат и како „светито грал меѓу часовниците“. Меѓутоа, она што е малку познато е дека часовникот носи еден вид проклетство за сопственикот, а дека клетвата и понатаму е „жива“, сведочи и тоа дека последниот познат сопственик кој умрел два дена пред аукцијата, сосема изненадно.

Само неколку часа пред што неименуваниот купувач го купил часовникот, шеикот Сауд бин Мохаамед ал Тани, досегашниот сопственик и еден од најбогатите луѓе во светот, починал мистеризони во својот дом во Лондон.

Овој 48 - годишник, припаник на кралското семејство од Катар, го купил часовникот пред 15 години, за тогаш неверојатни 11 милиони долари. Часовникот ил дел од неговата непроценлива приватна колекција.

И додека неговата смрт е објавена дури после продажбата на часовникот, никој уште не ја знае причината за смртта. Сепак, овој часовник ја има својата приказна која го следи од самото настанување.

Имено, неговиот прв сопственик Хенри Грејвс, познат банкар, во најголема тајност го нарачал од славниот Патек Филип уште во дамнешната 1925 година. Грејвс сакал да му се направи „најкомплицираниот часовник на светот“, кој ќе има две лица и дури 24 додатни подесувања

Едното лице на часовникот требало да ги покажува сите Месечеви фази, а другото заоѓањето и изгревањето на Сонцето во Њујорк. Имал аларм, штоперица и календар.

Меѓутоа, седум месеци откако Герјвс го добил часовникот, умрел неговиот најдобар пријател. Неколку месеци подоцна неговиот син Џорџ загинал во сообраќајна несреќа. Да биде уште полоша работата,и другиот син на Хенри го изгубил животот на овој начин.

Инаку, триесетите години на минатиот век биле години на Голема депресија и Грејс станал мета на незадоволство на јавноста, бидејќи никој не можел да верува деа може да расфрла пари на таков луксуз додека народот умира од глад.

Грејвс почнал да се сомнева дека овој часовник му донесува само несреќа. Додека еден еден бил на јахтата со неговата ќерка, наводно рекол: „Оваа работа не ми донесе ништо освен несреќа“, и тргнал да го фрли во вода. Но ќерката го спречила во тоа.

„Не немој да го фрлаш. Можеби еден ден ќе посакам да го имам“, му рекла.

Одтогаш, па натака , часовникот секогаш бил кај Гвендолин, ќерката. Нејзиниот татко изгубил желба за часовници после ова. После смртта на Герсј, Гвендолин официјално го наследила часовникот, кој подоцна го поклонила на својот син Реџиналд Фулертон, кој го продал нна еден индустријалец од Илиниос за 200.000 долари, што е околу милион долари во денешни пари.

Се до 1999 година, часовникот бил изложен во музеј во Илиниос, а потоа е продаден на приватен колекционер за 11 милиони долари.

Всушност, тогаш и дошол во сопственост на шеикот Сауд бин Мохамед ал Таниј. За него велат дека бил една од највлијателните личности во светот на уметноста, а часовникот го обожавал и го чувал во личната колекција. Неговите блиски раскажуваат дека секојдневно му се воодушевувал.

А, неговата колекција била една од највредните на светот. Велат дека поседувал се што му се допаѓало или што му привлекувало внимание - од слика, уметност, па се до најспаи автомобили.

Тој бил роднина на моменталниот катарски емир и во својата земја бил задолжен за отварање на библиотека и музеј. Според податоците на магазинот „The Art Newspaper“ тој од 1997 година на уметности потрошил повеќе од било кој колекционер во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти