(ВИДЕО) Овој човек веќе 11 години вози само во рикверц
Објавено во: Стил 19 Декември, 2014 17:35
Многу возачи не се толку вешти во возењето наназад, но не и Харпит Деви од Индија на кој движењето во рикверц практично му е единствен начин на управување со автомобил уште од 2003 година.
Управувачки систем во автомобилот, ергономија во кабината но и други елементи се важни за возењето, проектирани се така да со возилото лесно се маневрира кога е во прашање насоката на движење - напред.
Возењето во рикверц е само нужно зло, неопходно при прилика на паркирање или движење на мал простор, Положбата на возачот е неприродна и непрактична бидејќи мора да се сврти главата и да се извие вратотнаназад, додека се држи управувачот пред себе. Поради што тогаш некој би посакал да вози во рикверц повеќе од неколку метри?
За Индиецот Деви кој својот автомобил го вози исклучиво наназад подолго од една деценија, се започнало случајно, така што менувачот му се заглавил во рикверц положбата кога бил далеку од сервис.
За да би стигнал до најблискиот мајстор, бил принуден да премине голема далечина возејчи наназад. Кога сфатил дека добро се снаоѓа во риквер возењето одлучил тоа во иднина да му биде единствена насока на движење.
За да колку толку би си го олеснил секојдневното возење, извршил одредени поправки на својот ФИАТ во Падмини. Автомобилиот има четири брзини за движење наназад а само една за движење напред, а опремен е и со посебен аларм со кој ги предупредува пешаците и останатите учесници во сообрачќајот.
Освен тоа, Деви морал да добие посебна дозвола од надлежните како би можел легално да управува со својот автомобил по улиците и другите јавни сообраќајници.
Погледнете го видео прилогот за овој необичен возач од Индија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






