(ВИДЕО) Пиштол „играше“ на Матка кај чамците за туристи
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2020
Видео се рашири на социјалните мрежи на кое се гледа судир помеѓу две групи во кој има и истрел од огнено оружје кај платформата за туристите на кои им се нуди превоз со чамци низ кањонот Матка кон пештерата Врело.
И од МВР потврдија дека попладнево во близина на браната на реката Треска дошло до тепачка меѓу две групи. М. С. со уште неколку лица физички ги нападнале А.С. и А.С. при што употребиле и огнено оружје.
Засега нема пријавено повредени, а се верува дека истрелот завршил во воздух.