18 Декември, 2025
0.0625

КОИ СЕ ТИЕ ГОЛЕМИ ДОМАЌИНИ: Ланската добивка од три милиони евра ќе се реинвестира, а 8 и пол милиони од претходната година ќе се чуваат, дивиденда нема да има

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Ако минатата година се делеше дивиденда од три милиони евра, и тоа на предлог на помалиот акционер, оваа година тоа нема да се случи.

Скопската рафинерија ОКТА, и покрај одличните финансиски резултати, оваа година нема да дели дивиденда.

Собранието на акционери на оваа нафтена компанија, кое се одржа во петокот, донело неколку одлуки.

Едната од одлуките е дека добивката која ова акционерско друштво ја оствари во текот на минатата година, а која е на износ од 3,12 милиони евра, ќе биде целосно реинвестирана, односно ќе биде употребена за инвестиции.

„Нето добивката во износ од 191.686.228 денари (3,12 милиони евра – н.з.), ќе биде употребена за инвестиции (реинвестирана добивка). Дирекцијата за финансии се обврзува да ги преземе сите дејствија потребни за спроведување на оваа одлука“, се вели во објавата кое компанијата ја сподели преку Берзата со инвеститорската јавност, а по одржувањето на акционерското собрание.

На истиот ден, односно во петокот, Собранието на акционери донело уште една одлука, а таа е како ќе се намени добивката останата од 2022 година, која требало да се реинвестира, но останала неискористена, и за неа се нагласува дека ќе се распореди во акумулирана добивка, а која е на прилично висока сума, од фантастични 8,63 милиони евра.

„Износот од 530.995.758 денари (8,63 милиони евра – н.з.), кој останува неискористен од реинвестираната добивка од 2022 година, се распоредува во акумулирана добивка од друштвото“, се вели во објавата после одлжувањето на акционерското собрание.

Тоа во слободен превод би можело да значи дека како дивиденда нема да се дели ниту ланската добивка, од над 3 милиони евра, но ниту профитот од 2022 година кој се планирало да се реинвестира, но не се успеало, па од тие причини тие близу 9 милиони евра ќе се чуваат како акумулирана добивка.

Ова било предлог од Управниот одбор на компанијата, но интересно е што овој пат немаше предлог од помалиот акционер „Пуцко петрол“, да се подели дивиденда, како што беше лани за преетходната година, а што на крајот беше прифатено од Собранието на акционери.

Како што веќе пишувавме на крајот на мај минатата година, Собранието на акционери на Скопската рафинерија ОКТА дефинитивно пресече дека ќе има исплата на дивиденда на вкупна сума од три милиони евра. 

Овој предлог, како што претходно објавивме, го даде еден од позначајните акционери на таа компанија, „Пуцко Петрол“, која поседува над 10 отсто од акциите, а потоа го прифати целото Собрание на акционери. 

Тогаш, пак, се одобри исплата на дивиденда од кумулативна акумулирана добивка од претходните години, во вкупен бруто износ од 184.506.480 денари или приближно три милиони евра, односно дивиденда во бруто износ од 218 денари по акција.

Ова, пак, значеше дека солиден износ на дивиденда доби доминантниот акционер на скопската рафинерија, а тоа е грчката компанија ЕЛ.П.ЕТ. Балканике петролеум, која тогаш поседуваше најголем и управувачки пакет од 81,51 отсто од акциите, како и „Пуцко петрол“ од Пласница, компанија трговец со нафтени деривати, која тогаш располагаше со 10,87 отсто од обичните акции на ОКТА. Или, според пресметките, „Пуцко петрол“ добие дивиденда во бруто износ од 326 илјади евра за своите акции во ОКТА.Додека, пак, доминантниот акционер, ЕЛ.П.ЕТ. Балканике Петролеум, инкасираше на свое конто 2,45 милиони евра како дивиденда од скопската рафинерија ОКТА.

Во меѓувреме „Пуцко“ ја зголеми својата сопственост на 11,05 отсто од акциите на рафинеријата, а ЕЛ.П.ЕТ Балканике Петролеум си останува на својот акционерски пакет кој е управувачки, од 81,51 отсто од акциите во рафинеријата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа