20 Декември, 2025
0.0702

(ВИДЕО) ПОЛИЦАЕЦ УБИ МИГРАНТ: Го убил бидејќи пробал илегално да ја премине границата 

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 12:26

Добивај вести на Viber

Бугарската гранична полиција пукала врз еден мигрант во месноста Седеч во близина на границата со Турција, по пат до болницата мигрантот починал, соопшти министерството за внатрешни работи на Бугарија.

„Нашата гранична патрола наиде на група од 50 мигранти, кои илегално успеале да влезат во земјата“ изјавил секретарот за влатрешни работи Георги Костов за медиумите.

Според неговите зборови, мигрантите биле помегу 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци. Тие пружиле отпор при нивното апсење, со што еден од полицајците пукал во воздух како знак на предупредување.

Еден од мигрантите е погоден од огнено оружје и тој подоцна починал како последица од добиените повреди.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов кој синоќа учествувал на самитот на ЕУ за бегалската криза, го напуштил состанокот во Брисел по вестите за инцидентите на границата. Бугарија и Турција ја делат границата во должина од 160 километри а самата Софија во намера да го спречи приливот на мигранти од Сирија и Авганистан го зголемила бројот на гранични полицајци и инсталирала камери и сензори на граничниот појас.

Потпаролот на УНХЦР Борис Чеширков го осуди инцеидентот и користењето на оружје против мигрантите и ги повика бугарските власти да спроведат транспарентна истрага во овој инцидент.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9ebaSw1WMFc[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација