(ВИДЕО) Помпео во „Света Богородица Перивлепта“
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при својата посета на Охрид и Македонија ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ која важи за една од најстарите цркви во земјата и датира од 13 век.
Помпео беше придружуван од амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнз, а беше пречекан од поглаварот на МПЦ-ОА, владиката Стефан.
САД за конзервирање и одржување на оваа црква до сега има издвоено 650.000 долари.
Помпео се сретна со македонскиот државен врв и порача дека САД го цени она што го има направено досега нашата земја.