(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕРЕДИ И КАМЕЊА: Се судрија мигрантите и грчката полиција!
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2015
Не запираат нередите на грчко-македонската граница.
И утрово инциденти предизвикани од економските мигранти кај кои нетрпеливоста и нервозата од час в час се повеќе расте.
Како што е познато, целата нервоза и проблеми ги предизвикуваат мигрантите кои не доаѓаат од воените жаришта туку оние од Пакистан, Алжир, Мароко, Иран не им дозволуваат на оние од Сирија Ирак и Авганистан да ја преминат грчката граница кон Македонија.
Властите и од двете страни, и од наша и од грчка испраќаат се повеќе полициски сили на границата каде станува се потензична состојбата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/vnmJdSYS9q8[/embed]Македонија веќе две недели не допушта на своја територија економски мигранти. На 28 ноември властите започнаа изградба на ограда на границата со Грција.