15 Декември, 2025
0.0388

(ВИДЕО) Премиер – сега го гледаш, сега не!

Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2014 18:53

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и лидер на владеачката Партија на правдата и развојот ги изненади своите сопартијци во Измир. На претставувањето на кандидатите за градоначалници за претстојните локалните избори во овој турски град, Ердоган се појави како холограмска 3Д слика. „Сакавме да го поканиме да учествува и Ердоган, но тој не можеше да присуствува поради исполнетиот распоред. Затоа ние искористивме нестандарден начин да го обезбедиме неговото присуство - холограмската слика на лидерот на партијата. Тоа не само што претставуваше убав и оригинален предизборен потег, туку истовремено беше и обраќање до нашите приврзаници", изјави портпаролот на измирскиот огранок на владејачката партија, Танер Алкан. „Холограмот на премиерот" соопшти дека партијата излегува на изборите „во сенката на нападите што се вршат преку предавничките мрежи". „Ги повикувам сите кандидати да не го губат времето со нив", изјави Ердоган, во приморскиот град Измир, кој важи за традиционален бастион на неговите противници, главната опозициска Народно-републиканска партија. Еве како изгледаше обраќањето: http://www.youtube.com/watch?v=3UGO5qkwkhY

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството