(ВИДЕО) ПРИЧИНАТА ЗА ПАДОТ НА БОИНГОТ СО 189 ПАТНИЦИ ОСТАНУВА МИСТЕРИЈА: Целата приказна полна со „дупки“
Објавено во: Свет 31 Октомври, 2018
Додека се уште се бараат посмртните останки од патниците и членовите на екипажот на индонезискиот авион „Лајон ер“ кој падна 19 минути по полетувањето, властите наредиле детална инспекција на авионот во сопственост на тој авио-превозник со национална концесија.
Од морето се извлечени 24 тела , а се стравува дека сите патници и членови на екипажот, кои биле 189 на број се мртви.
Властите сега наведуваат дека постои голема веројатност дека остатоците на сите патници и нема да бидат пронајдени.
Причината на падот останува мистерија
Причината за падот на авионот уште не е позната. Но, постојат повеќе индиции дека падот можел да биде спречен.
Деветнаесет километри после полетувањето авионот побарал да му биде овозможено враќање на аеродромот. Но, она што е посебно чудно, не е наведено дали се работи за итен случај.
Радарите не забележале дека авионот се свртел, а контролата многу брзо загубила контакт со леталото.
-Овде ми е најчудно тоа што не прогласиле никаква паника. Само рекоа -Ние се враќаме-рекол Дејвид Сучи, поранешен инспектор за безбедност во воздушниот простор на САД.
Ден претходно имал големи проблеми
Но во целата приказна уште почудно е тоа што истиот авион ден претходно имал големи проблеми кога од Денпасар летал за Џакарта.
Техничкиот дневник на летот од Бали кон главниот град на Индонезија открива како еден од инструментите бил „недоверлив“ а пилотот морал да го предаде управувањето на првиот офицер.
После слетувањето на авионот го прегледале механичари и му дале зелено светло за нов лет.
pray for lion air jt 610 pic.twitter.com/XreSXZTAWQ
— LenyMU (@lenyMU) October 29, 2018
Уште претходно директорот на компанијата рекол дека авионот имал „технички проблем“, но додал дека тој е решен.
-Ако авионот имал дефект, би било невозможно да полета-рекол тој.