09 Октомври, 2024
0.0256

(ВИДЕО) ПРОЕКТ ВРЕДЕН МИЛИЈАРДИ: Путин гради ново чудо

Објавено во: Стил 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин и пратил инструкции на Владата да се изгради план за изградба на мост кој ќе го поврзе островот Сахалин со копнениот дел на Русија.

Како што рекол Путин, за овој мост се расправало со децении.

-Тоа долго беше сон за луѓето кои живеат на островот-рекол Путин на состанокот со претседателот на Сахалин Олег Козехмиак.

Путин истакна и дека и пратил на руската влада барање да работат на план на изводливост на овој проект, додавајќи дека токму тој мост многу ќе им го олесни животот на луѓето.


-Можете да доаѓате и да заминувате во било кое време и во било кој период од годината-истакнал тој.

Сахалин е единствен преостанат регион во Русија без копнени врски со земјата. Крим неодамна е поврзан кога во сообраќај е пуштен најдолгиот мост во Европа.

Изградбата на мостот до Сахалин ќе биде многу потешка и поскапа, бидејќи мостот ќе биде долг 580 километри со железнички и други инфраструктурни врски. Проектот ќе бара изградба на три главни и повеќе од 10 дополнителни распони, а ќе чини неколку милијарди.