06 Декември, 2025
0.2202

(ВИДЕО) Реалниот „Волк од Вол Стрит" споделува три тајни за постигнување на успех

Објавено во: Стил 09 Јули, 2018 06:22

Добивај вести на Viber

Поранешниот брокер на берза, Џордан Белфорт кој стана познат по филмот од 2013 година „Волкот од Волстрит", филм кој го режираше Мартин Скорсезе кој се базира на мемоарите на Белфорт, кои детално го опишуваат неговиот живот со разврат, измама и перење на пари што го однесоа во федерален затвор на 22 месеци, открива како може да се успее, објави CNBC

„Ги изгубив парите, ја изгубив слободата, ги изгубив моите деца некое време. Мојот живот е дно" - вели тој во едно интервју. 

Белфорт вели дека успеал да остане мотивиран и позитивен низ неговата затворска казна (и подоцна), бидејќи направил три работи: создал визија, воспоставил стратегија и напорно работел.

Само неколку дена по неговото излегување од затвор, Белфорт почнал да ги пишува своите мемоари, кои му донесоа 500.000 долари заработка. Во тие денови тој го поминувал своето време како мотивациски говорник и консултант. Според Блумберг, тој добива околу 30.000 долари по говор, а исто така заработува и од  авторски права од неговите најпродавани мемоари и филмот „Волкот од Вол Стрит", кој заработи речиси 400 милиони долари ширум светот.

„Мора да имате визија за својата иднина што ве инспирира"- вели Белофор за Goalcast.

Кога размислувате за тоа, тоа само ве тера да скокнете од креветот наутро, за да имате навистина многу подобар живот, додава тој. 

Белфорт вели дека неговата визија била сконцентрирана околу неговите две мали деца. Кога одел во кревет во затворската ќелија секоја вечер, се заколнал дека ќе стори сé што е во негова моќ кога ќе го ослободат, за да ги исправи своите грешки и да им докаже на своите деца дека тоа не е неуспех. Забележува дека луѓето се подготвени да направат „луди работи" за она во што веруваат. 

фото CNBC


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: