(ВИДЕО) Румен Радев не сака да се викаме Северна Македонија
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2018
Името Северна Македонија не му се допаѓа на бугарскиот претседател, Румен Радев.
Вели дека ако Бугарија имаше посериозна позиција, сега бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе беше номиниран за Нобеловата награда за мир заедно со македонскиот Зоран Заев и грчкиот, Алексис Ципрас.
Проблемите наталожувани со векови тешко можат да се решат за шест месеци, изјави Румен Радев, претседателот на Бугарија за Дарик радио.
Според него, активностите на бугарската Влада во однос на интеграцијата на Западниот Балкан одат пребрзо и на штета на неговата земја.
„Брзината со која владата го потпиша договорот за добрососедство со Македонија без да се зборува и со Грција и без внатрешен консензус, практично беше за слава“, вели тој.
Тој има забелешки и за политиката која се води во Бугарија.