(ВИДЕО) Се урна Античкиот мост во Англија од поплавите
Објавено во: Свет 30 Декември, 2015
Поплави и стравувања од експлозија на гас доведоа до масовна евакуација во англискиот град Тадкастар.
Надојдените води на реката соборија стар мост, а делови од него паѓаа врз цевките со гасоводот.
Властите наредија луѓето веднаш да ги напуштат своите домови поради огромен ризик за нивните животи.
Во реонот се чувствува силен мирис на гас, а во една од цевките е видена и голема дупка.
На местото пристигнале пожарникари и полицајци, кои ја опколиле областа во радиус од 200 метри.
Ситуацијата е многу сериозна, а синоптичарите очекуваат таа да се влоши дополнително, бидејќи поројните дождови ќе продолжат и во наредните денови.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0ZHUmrdu2d8[/embed]