(ВИДЕО) Се урна мост и „проголта“ луѓе и автомобил
Објавено во: Балкан 27 Август, 2019
Mост се урна во турскиот град Терме, при што двajца луѓе се повредени.
Обилните дождови го зафатија овој град на Црното Море, и тоа доведе до уривање на мостот.
Безбедносните камери го снимале моментот кога мостот се урнал. На снимките се гледа како двајца луѓе кои преминуваат на мостот во тие мигови паѓаат во реката од огромната јама што се отвора.
Сепак, тие не се здобиле со потешки повреди. Јамата „голта“ и автомобил за неколку секунди.