03 Јули, 2024
0.0257

(ВИДЕО) СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Во Полска пронајден нацистички воз полн злато и драгоцени камења!

Објавено во: Свет 20 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во Полска е пронајден нацистички воз преполн со злато.

Се работи за нацистички воз кој досега беше само легенда. Него наводно го пронашле двајца мажи скриен во одамна заборавен тунел во полските планини. Возот исчезнал пред 70 години кога нацистите се обиделе да го сокријат своето богатство од советската Црвена Армија.

Според локалната легенда, возот е преполн со драгоцености, злато, драгоцени камења и оружје , а бил испратен на југозапад низ планините кон граница. Сега двајцата мажи своето откритие го пријавиле на властите, а ќе им припадне по 10 одсто од вредноста на возот долг 151 метар.

„Адвокати, војска, полиција и пожарникари работат на овој случај. На локацијата каде е пронајден возот никогаш порано не се првавен ископувања. Не знаеме што се ќе пронајдеме“, изјавила Марика Токарска надлежна за случајот.

Локалните медиуми јавуваат дека овој воз исчезнал во 1945 година. Тргнал од тогаш источно германскиот град Бреслау, денешна Вроцлава, во време кога Црвената Армија напредувала кон крајот на Втората светска војна. Медиумите тврдат дека возот му припаѓал на Вермахт, војската на нацистичка Германија.

Радио Вроцлав објавил дека возот влегол во тунел во близина на дворецот Ксас во планинскиот регион Ловер Силесиан и дека никогаш не излегол. Тунелот подоцна е затрупан, а неговата локација е заборавена. Истото радио објавило дека возот е пол со оружје, индустриска опрема и драгоценост, пишува Дејли мејл.

„Некои луѓе веќе го побарале возот и ги оштетиле шините, но ништо не пронашле“, рекла историчарката Јоана Лампарска.

Во случајот „Златен воз“ нацистичките сили испратиле 24 вагони од Будимпешта кон Германија, кои биле полни со семејно богатство вклучувајќи злато, сребро и слики, а вкупната вредност се проценува на 176 милиони евра.

 

Можеби ќе ве интересира

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд

НЕМАМЕ КРАЛЕВИ ВО АМЕРИКА: Бајден остро ја критикуваше одлуката на Врховниот суд