19 Мај, 2024
0.0347

(ВИДЕО) Шајноски: Eкономијата регистрира силни загуби

Објавено во: Економија 29 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Универзитетскиот професор Крсте Шајноски, смета дека државата парите ги распределува на непродуктивни трошења, а дополнителен проблем на буџет се слободните економски зони кои претставуваат лоша распределба на богатството кое се создава во земјава.

Фрапантни бројки во трошење на државните пари, непродуктивни инвестиции и лоша структура на долгот. Ова се само дел од забелешките на економските експерти кои се обратија пред граѓаните во антивладиниот камп пред Владата на Република Македонија.

„Во 2006 сме имале буџет од 1,7 милијарди евра. Во таа година сме оствариле економски раст од 5,2 проценти. Во 2014 имаме буџет од 3 милијарди евра, а остварувам раст од 3 и нешто проценти. Каде се парите? Парите се отидени на непродуктивни трошења, односно расходи, од кои интерес имаат единствено оние кои ги склучуваат договорите, како што впрочем можевме да видиме и од снимките“, вели професорот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qEB4cOgz7PI[/embed]

„Во моментов македонската економија регистрира силни загуби како резултат на инвестициите кои ги направи во тие економски зони, како резултат на ослободувањата кои им ги даде на компаниите во тие економски зони.

Не се полни буџетот, затоа што тие компании се ослободени од плаќање на данок. Кога ќе истече периодот кој им е дозволен за ослободување од данок, ќе ја пререгистрираат фирмата во нова фирма и потоа продолжуваат повторно да работат со сите бенефиции кои им ги дава оваа држава. Се работи за лоша прераспределба на богатството кое се создава во земјата. Имаме исклучителна, во исто време и нетранспаретност.

Видете што се случува со тендерите, со јавните набавки. Во добар дел од разговорите кои ни ги презентира опозицијата можеме да слушнеме како тоа се обезбедуваат тендери, во која линија, кој се провизиите кој се земаат. Сето тоа се плаќа од буџетот.Многу често може да слушнете Владата дала средства.Владата не дала, народот дава. Тие пари се пари на народот, е работи за класично спинување на информации“ посочи Шајноски.

Според Шајновски лошата структура на долгот која води до постојано враќање на стари долгови е исклучително ризична за Македонија. Тој порача дека идната Влада би требало да создаде клима за работа во приватен бизнис, а не во админстрација.

„Сакам да упатам апел до се надевам новата Влада која во скоро време ќе ја видиме. Немојте да наседнувате на популизмот и на системот на менаџирање на власта кои како совршенство го изработи оваа Влада. Ова важи и за нас граѓаните. Многу е убаво да слушнете дека ќе имате субвенции, дека ќе се возите со автобус без пари, ќе идеме во бања без пари, сето тоа е лоша прераспределба. Тоа се моментално слатки работи кои понатаму генерираат големи последици.

Новата Влада треба да воспостави нов развоен систем во кој ќе ги постави на здрави темели пазарните односи и односот на државата кон пазарните односи. Значи не треба да се радуваме ние државата да ни даде, треба да се радуваме државата да создаде клима ние сами да си обезбедиме. Мислам дека сосема погрешна тезата да бараме и во иднина да биде квалитет да се вработиме во администрацијата. Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работат во администрација, нема ништо подобро од тоа да работите во приватен бизнис, доколку бизнис климата е каква што треба“, констатира Шајноски.

Мислам дека доколку следните кои ќе дојдат ќе воспостават систем во кој бизнисот ќе го запоседне вистинското место, ќе им се создаде услови фирмите да функционираат по вистински пазарни принципи, мислам дека на тој начин и новите министри ќе имаат многу лесна работа и во начинот на менаџирање на економските политики, а населението ќе биде многу позадоволно, отколку што е сега, вели Шајноски.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?