14 Мај, 2024
0.0233

(ВИДЕО) Направил експеримент со 10 „Кока-Кола“ лименки за да види што ќе се случува со неговото тело!

Објавено во: Стил 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Педесет годишниот Џорџ Прајор е последен во низата „љубопитници“ кои одлучиле да проверат колку постојано конзумирање на нездрава храна влијае на нивниот организам. Еве што покажаа резултатите на неговиот „експеримент“ ...

Пред десет години директорот на документарецот Морган Спурлок одлучил да провери што ќе се случи со неговиот организам доколу за триесет оброци ќе јаде исклучиво во Мекдоналдс рестораните.

Овој тогаш 30-годишник, внесувал 5000 калории дневно и до крајот на експериментот се здебелил речиси 11 килограми. Индексот на неговата телесна маса пораснал за 13 посто, а забележал и значајни промени во расположението, сексуалната дисфункција ... Му биле потребни 14 месеци да се врати во нормала.

Сега, една деценија подоцна,педесет годишниот Џорџ Прајор од Лос Анџелес се одлучил на слична задача. Тој во текот на месец дена пиел по десет лименки „Кока-Кола“  дневно, за да види како толкаво внесување на заследен пијалок ќе влијае на неговото здравје, пренесува Дејли телеграф.

Дотогаш здрав и спортски ориентираниот Прајор за месец дена се здебелил повеќе од 12 килограми, а крвниот притисок му е зголемен на нездрави 145/96. Забележал дека со текот на времето неговиот организам барал се повеќе шеќер, и покрај тоа што само преку популарниот пијалок внесува дневно 350 грама шеќер.

Прајор, кој промените во својот експеримент ги снимал со видео записи на дневно ниво, вели дека на оваа „авантура“ го поттикнала желбата да ја зголеми свеста кај луѓето за тоа колку шеќер внесуваме дневно и колку тоа лошо влијае на нас.

„Луѓето мора да бидат свесни за вистинската сила и влијание кои шеќерот ги прави на нашето здравје“, рекол тој. „Никогаш не би направил вакво нешто друг пат. Не сакам да бида толку нездрав“.

Претходно оваа година Светската здравствена организација ги советуваше луѓето да го преполоват внесувањето на шеќер на дневно ниво. Во Велика Британија дури се разгледува за воведување „данок на шеќер'“ за да се намали бројот на дебели жители кој достигнал алармантно ниво.