18 Мај, 2024
0.0305

(ВИДЕО) СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА СЕ ОДЛУЧУВАЧКИ: Поради Ирма се евакуира населението

Објавено во: Свет 05 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Ураганот Ирма, кој се движи кон североисточни Кариби и јужниот брег на САД, прерасна во петта категорија. 

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело предупреди дека сите одлуки кои ќе бидат донесени во следните неколку часа ќе бидат пресудни, истакнувајќи дека тоа е „прашање на живот или смрт“.


Вонредна состојба е прогласена во Порторико, на Американските Девствени Острови и во цела Флорида.

Властите предупредуваат дека Ирма може да донесе поројни дождови, да предизвика одрони и поплави, со бранови високи до седум метри. Започна евакуација на населението од некои острови.

Силината на ветерот, на одредени острови, достигна до 280 километри на час.

Во последната седмица, ова е втор ураган на територијата на САД.

Во Порторико затворени се училиштата, а гувернерот соопшти дека ќе бидат отворени засолништа, во кои ќе можат да бидат прифатени до 62.000 лица.

Во состојба на подготвеност се Националната гарда, како и носачи на авиони, кои можат да учествуваат во спасување. Метеоролозите предупредуваат дека и доколку се избегне директен удар на ураганот, поројните дождови можат да предизвикаат сериозни штети.


Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата