(ВИДЕО) СНИМКА ОД КОЈА ЛАЗАТ МОРНИЦИ: Ова е Аушвиц снимен со дрон
Објавено во: Свет 11 Април, 2018
Најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, Аушвиц е лоциран во близина на Освјенќим во Полска, околу 50 км западно од градот Краков.
Со дрон опремен со најсовремена технологија можете да видите како изгледа најголемиот логор на Нацистичка Германија од птичја перспектива. Ќе ве полазат морници од видеото.
Во Аушвиц животот го загубиле над еден милион луѓе. Според пресметките на Рудолф Врба во Аушвиц почнале 1.760.000 луѓе, а според современите историчари ваквиот број е превисок и нереален.
По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим е дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјади.
Местото денес го посетуваат туристи и тоа е сведокна времето кое никогаш не смее да се повтори. Комплексот изгледа страшно.