Видео: Стампедо во Торино, стотина повредени од паника поради експлозија на петарда
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2017
Вчера се случи стампедо во Торино каде навивачите на Јувентус беа собрани да го следат финалниот натпревар од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.
За жал дошло до голема турканица бидејќи се слушнала експлозија по што настанала огромна паника. Стотина навивачи се повредени во стампедото, за потоа да се утврди дека нема никаква бомба или терористички напад, туку дека пукнала силна петарда.