(ВИДЕО) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА: Повеќе од 100 луѓе ИЗГОРЕЛЕ ДО СМРТ во фабрика за гас
Објавено во: Свет 25 Декември, 2015
Најмалку 100 луѓе загинале при експлозија на една фабрика за преработка на гас во југот на Нигерија, пренесуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во градот Неви, а загинатите се главно клиенти на фирмата која ги полнела балоните со гас.
Експлозијата и пожарот кој следел потоа биле толку моќни што неколку станари во близина на експлозијата настрадале, додаваат агенциите.
Неколку луѓе се тешко повредени и се пренесени во градската болница.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/M_7k7Q5sm7E[/embed]