(ВИДЕО) Стремусов вели дека Прага, Варшава, Букурешт и Будимпешта се „руска земја“
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2022
Кирил Стремусов, руски функционер во окупираната област Херсон во Украина објави видео во кое тврди дека Прага, Варшава и Будимпешта се „руска земја“.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи. Тој вели дека цела Источна Европа наводно ѝ припаѓа на Русија.
„Ги гледам Прага и Варшава, Будимпешта и Букурешт. Ова е руска земја, колку мои омилени места се тука! Каде и да одам со тенкот, тоа ќе биде мојата омилена земја! Ја гледам реката Амазон, гледам и крокодили! Тоа е руска земја, тоа е мојата татковина“, вели возбудено Стремусов.
На крај вели дека целиот свет ги сака Русите.
This poetry performance by Russian-installed Kherson official Kirill Stremousov is truly one of the most bizarre things I have ever seen pic.twitter.com/C1Hh1fDTeq
— Francis Scarr (@francis_scarr) October 18, 2022
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.