06 Декември, 2025
0.0612

(ВИДЕО) „Tax The Rich“: Дали овој пат претераа?

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2014 19:31

Добивај вести на Viber

Екипата на  Tax The Rich (Данок на богатите), која се изживува над суперспортските и други скапоцени модели на автомобили, уште еднаш со своите егзибиции ја шокираше јавноста.

После малтретирањето на  Ferrarija Enzo, Rolls-Royce Phantom и други скапи автомобили, на ред дојде Ferrari F50. Овој пат на Tax The Rich тимот му се придружи европскиот шампион во сурферските акробации, 19-годишниот Џорџ Гил.

Гил својата сурферска уметност ја покажа на еден типичен англиски канал, управувајќи даска приврзана за Ferrari F50:

 

И додека љубителите на адреналинските спортови ќе уживаат во вештините на сурферите, фановите на класичните Ferrari модели ќе се фаќаат за глава додека гледаат што прават овие луѓе со познатиот автомобил

Ferrari F50 е произведен во само 349 примероци, а британските медиуми пишуваат дека неговата цема надминува 850.000 фунти (повеќе од 1.000.000 евра) и дека во последните години е во пораст.

Видеото ја заинтересира и локалната полиција, која започна истрага за да се утврди дали и кои сообраќајни прописи се прекршени. Полицијата се сомнева дека Ferrari во еден момент се движел со брзина од преку 80 милји на час  (130 км/ч), додека на тој пат е дозволена брзина од 60 милји на час (97 км/ч).

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: