(ВИДЕО) Тажна српска приказна: Родителите им починале на ист ден, сега трите деца немаат кров над глава!
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2015 21:37
Петнаесет годишната Милка, четиринаесетгодишната Милена и седумгодишниот Мирко, останале без двајцата родители. Имено, прво во 34-та година трагично починала нивната мајка Љубомирка на 8 мај 2012, а злата судбина, на ист ден, три години подоцна починал ненадејнo и нивниот 39 годишен татко.
Со бабата Милка и дедото Пантелиј, трите сирачиња Милка, Милена и Мирко ја делат тагата во осамената стара куќа, со надеж дека добрите луѓе ќе го исполнат нивниот и сонот на нивниот татко - да се вселат во куќата која тој ја започнал.
-Најмногу ми недостигаат мама и тато. Би сакал да живееме во онаа куќа која тој ја започна за нас да ја гради. Таму ми е поблизу училиштето, другарите, има игралиште - вели седумгодишниот Мирко, за кој учителката има само пофални зборови, како најдобро „прваче“ во одделението.
Милка завршила основно пред неколку дена и ќе биде ученик на генерацијата. Ќе се запише во гимназија.
Со оценките не заостанува ни младата Милена, а на овие нежни девојчиња, животот на раменици им натовари претешко бреме: да и помагаат на старата баба, да бидат сестри, мајка и татко на братот - галеник.
-И помагаме на баба која тешко се движи. На брат ни во учењето а се грижиме и за неговото однесување во школо, но водиме сметка детството да му го исполниме со игра, која овде му недостасува, бидејќи нашиот најблизок сосед ни е оддалечен повеќе од пола километар - говори Милка.
Во центарот на селото е незавршена куќата на Кузмановиќ. Малите сирачиња веруваат дека добрите луѓе ќе им помогнат да го остварат својот, и како од мали го нарекувале „тајин“ сан и да се преселат од старата куќа на тага, на пустата селска периферија.
-Овде се повеќе ни е старв. После смртта на татко ни, најтешка е ноќта - тивко раскажуванајстарата Милка.
Оваа приказна е апел и за добрите и хумани луѓе, да со свои парични прилози помогнат овие деца , пред кои е животот да имаат свој дом достоен на човек од 21 век.
Погледнете ја тажната приказна за овие дечиња:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Jw5uEni94Lk[/embed]Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии





