(ВИДЕО) ТОРНАДО БЕСНЕЕ ВО САД: Над 24 лица загинаа во смртоносното невреме
Објавено во: Свет 27 Декември, 2015
Најмалку 24 луѓе загинаа во големото торнадо, обилните дождови и поплави што ги зафатија југоцентралните држави на САД.
Шест лица го загубија животот во Тексас, во торнадо што го зафати градот спуштајќи се од Далас.
Претходно беа пријавени 18 смртни случаи во државите Мисисипи, Тенеси, Арканзас и Алабама, каде се повредени и повеќе од 60 луѓе.
Големото невреме уништи и стотици домови и објекти.
Торнадата, за кои локалните власти велат дека ги имало најмалку 4, ги прекинале електроводите и ги срушиле столбовите, по што околу 50. 000 луѓе останале без струја.
Милион жители на југот на САД моменто се опоравуваат од последиците од невремето и поплавите од претходните денови, предизвикани од необично топлото време за овој период од годината.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=5UBcyL0-VWE[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=qnQYKFxBRQw[/embed]