08 Октомври, 2024
0.0247

(ВИДЕО) Три децении живее на пуст остров, а сега сакаат да го иселат

Објавено во: Стил 29 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Италијанскиот Робинсон Крусо властите сакаат да го избркаат од островот на кој живее 30 години.

Тој живее сам на напуштен остров во близина на Сардинија, а властите во јануари следната година би можеле да го иселат.

Мауро Моранди(79) е неофицијален чувар и туристички водич на островчето Будели, дел од архипелагот Ла Мадалена, меѓу Сардинија и Корзика, познато по виолетовата плажа.

На својата Фејсбук страница Моранди напиша дека не добил никакво известување за иселувањето, но јасно порача дека нема намера да се врати во родната Модена.


Поранешниот професор по физичко воспитување, дошол на островот во 1989 година со три пријатели и партнерка додека патувале кон Полинезија.

„Сакав да побегнам од ова општество што не го сакам и да заминам на напуштен остров во Полинезија“ – рече Моранди за Радио 24,  додавајќи дека својата Полинезија ја пронашол на островот на кој се нашол.

На почетокот Моранди и неговото друштво ја презеле работата на дотогашниот чувар на островот. Неговата партнерка и двата пријатела наскоро се вратиле дома, додека третиот пријател останал и починал во 1993 година.

Во 2014 година островчето Будели стана дел од националниот парк Ла Мадалена и неговата управа најави дека ќе го урне она што Моранди го доградил на својот дом на островот.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни