(ВИДЕО) Трипуновски ненајавен направи контрола во МЗШВ во Берово
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2020
Ненајавена посета и контрола имаше вчера во Подрачната единица на МЗШВ во Берово.
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој водеше и човек да го снима целиот процес.
Влезе во канцеларија и ги прашуваше вработените за имињата, а потоа го побара и раководителот.
Видеото беше објавено на социјалните мрежи.