(ВИДЕО) ЦРНА ГОРА СЕ ТРЕСЕ: Опозицијата протестира „МИЛО ДОСТА ЈЕ БИЛО“, полицијата се повлекува!
Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2015 21:30
Најмалку 20 000 луѓе се собраа на протестот против како што пренесуваат црногорски медиуми диктаторскиот режим. Илјади и илјади граѓани и понатаму пристигаат во центарот на Подгорица од сите страни на Црна Гора.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TBHza97ZF2s[/embed]Граѓани од сите краеви на ЦГ стигнале во главниот град Подгорица каде во 19 часот почнал протест против режимот на Мило Ѓукановиќ на кој ќе биде побарано негово заминување, формирање на преодна влада и распишување на фер избори.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1mX4BeeRiqs[/embed]Андрија Мандиќ ја замолил полицијата да го ослободи патот кон Собранието. Полицајците се повлекуваат, пратеници влегуваат во Собранието на Црна Гора.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/P6-dX0hWsz0[/embed]Во овој момент опозицијата се обидува да влезе во Парламентот на Црна Гора, пратена со повици од демонстрантите: „Готов е“ и „Мило, крадецу“, но кордонот на полицијата во тоа ги спречува. Организаторите ги молат граѓаните да останат мирни.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VWe-KZJI8NY[/embed]Имало и провокации. Непознати лица во масата фрлиле петарди и димни бомби, поради што полицијата морала да стави гас маски.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/WCAPXEIo4kI[/embed]Од друга страна, организаторите на протестот тврдат дека немало инциденти, и дека полицијата со ништо не била испровоцирана да стави заштитни маски.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SlobodaTrazi/status/657955493051301888/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fJXyRYn9YwE[/embed]Насобраните предводени од Небојша Медојевиќ, се свртеле кон полицијата и заедно запеале: „Придружете му се на народот и фрлете ги шлемовите“.
Претседателот на Работничката партија Јанко Вучиниќ: „Диктаторот мора да падне. Готов е. Диктатору, врати се што си земал од народот и ќе бидеш среќен во Спужа.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација





