06 Декември, 2025
0.0320

(ВИДЕО) Вака изгледа свадбената лимузина на Русите

Објавено во: Стил 12 Јуни, 2014 15:35

Добивај вести на Viber

Кога помислите на венчавка и свадбена лимузина сигурно првата асоцијација не ви е Chrysler, но ако се наоѓате опкружени со мраз и карпи баш и немаате многу опции.

Ова што имате прилика да го видите е свадбена лимузина која се изнајмува за младенци во Русија. Во прашање е стар Chrysler PT Cruiser кабриолет кој никогаш не бил премногу атрактивен, но Русите го преполовиле на пола и му додале купола како би изгледал како кочија.

Оваа лимузина има дури и завеси, лустери и ентериер од бела кожа. Мотивите на внатрешноста се секако цветно мотивирани, нешто што би изгледало како вистинска кочија од 18 век од Франција.

Компанијата која ја изнајмува оваа лимузина надоградила и посебни држачи за шампањ и чаши, за невестата, младоженецот и кумовите. Тука се и плави LED светилки кои ја красат внатрешноста. Отишле толку далеку да и чашите ги направиле во некој криволик облик.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: