(ВИДЕО) Ветер во Хрватска корнеше дрвја и носеше покриви
Објавено во: Балкан 04 Август, 2020
Во делови на Хрватска силно невреме денеска носеше покриви и кршеше дрвја.
Најпогоден беше Славонски Брод, каде е оштетена Железничката станица. Наврнале 17 литри дожд на метар квадратен.
Откорнати се кабли и дошло до електричен спој и пожар на покрив од куќа.
Невреме во земјата имаше и вчера.
Најголема штета е направена во Ријека, во Карловац и во Дуга Реса.
Паѓал град со големина на орев, а оштетен е и дел од зградата на градското собрание, чиј покрив е срушен од ветерот.