06 Декември, 2025
0.0352

(ВИДЕО) Заедно имаат 211, а во брак се веќе 89 години!

Објавено во: Стил 26 Ноември, 2014 19:36

Добивај вести на Viber

Карам и Картари Чанд имаат заедно 211 години, а заедно се „речиси вечност“, полни 89 години, и веројатно се најстариот брачен пар на светот.

Се венчале во Индија во декември 1925 година кога биле уште млади, речиси деца.

Брачниот пар Чанд, кој денеска живее во Бредфорд, на северот од Англија, има осум деца, 27 внуци и многу паравнуци.

Минатата сабота ги прославиле своите родендени, тој 109-от, а таа својот 102 роденден, опкружени со бројни роднини од кои многу дошле дури од Индија.

„Тоа беше специјален ден на семејството, Среќата беше на куп“, изјавил за Дејли меил, нивниот син Пол Чанд.

На прашањето која е тајната на долговечноста на неговите родители, Пол кратко одговорил: „живот без стрес“.

„Јадам се што посакам, но умерено. Никогаш не престанав да уживам во животот“, рекол Карам кој пуши една цигара дневно и пие чаша алкохол три пати неделно.

„Преживеавме убав живот. Секогаш бевме заедно, посветени на семејството. Тоа е навистина едноставно“, заклучил стогодишникот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: