(ВИДЕО) Животот ни е целосно променет, немаме каде да спиеме - жителите на Волос се очајни
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2023
Грција е во хаотична состојба по налетот на бурите Илиас и Даниел.
За 20 дена, грчкиот град Волос го погодија двете бури. Куќите се поплавени, а патиштата се уништени.
„За 20 дена двапати ме уништија. Нема ништо. Во куќата влезе вода, полна е со кал. Сѐ што успеав да зачувам првиот пат сега е уништено. Животот ни е целосно променет, немаме каде да спиеме“, вели жена од Волос, пренесува Прототема.
На островот Евија многу области уште се без струја.