(ВИДЕО+ФОТО) Стигнаа принцот Хари и Меган, а земјата ја стресе силен земјотрес
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2018
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган се во посета на Нов Зеланд, каде имаше силен земјотрес.
Земјотрес од 6,1 степен го погоди Северниот остров на Нов Зеланд, објави Геолошкиот институт на САД.
Потресот бил на 63 километри источно од градот Плимут, на длабочина од 228 киломтери, а го почувствувале илјадници луѓе.
Локалниот весник „Њу Зеланд Хелралд“ објави дека во престолнината Велингтон на кусо е прекината работата на Парламентот, а откажани се и неколку слетувања.
Снимките објавени на социјалните мрежи ги покажуваат драматичните моменти од потресот.
По разорниот земјотрес што го погоди Мексико лани во септември, силен земјотрес го погоди и Нов Зеланд. И тогаш имаа потрес од 6.1 степени. Земјотрес од 6.3 степени имаа во 2014 година.
Денеска нови земјотреси имаше и во Грција, при што се стресе островот Закинтос.