(ВИДЕО+ФОТО) Во Калининград авион излета од писта - внатре имало над 170 патници
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Синоќа се случил инцидент кога авионот кој сообраќал на релација Москва-Калининград за време на слетувањето излетал од пистата. Во авионот се наоѓале 7 членови на екипажот и 167 патници. На тројца патници им е укажана лекарска помош.
Аеродромот Храброво во Калининград е затворен до 10 часот утрово од технички причини, поради принудно слетување на авионот А320.
Ова го соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за калининградските области.
Аеродромот работи со посебен режим токму поради овој инцидент. Отворен ќе биде секој ден од 6 наутро до 23 часот навечер и затворен за ноќни летови поради реконструкција на пистата.